Финале на Вимблдон: Ѓоковиќ и Алкараз – Голема битка за историја и прво место

Новак Ѓоковиќ на Вимблдон го игра деветтото финале во кариерата, додека Карлос Алкараз го игра првото финале во Лондон.

Новак има шанса да го освои и 24. Грен слем трофеј, со што би го израмнил рекордот на Маргарет Корт кој стои веќе 50 години.

Тој е на прагот на осмиот трофеј на Вимблдон, петти по ред. Доколку го подигне трофејот би го израмнил рекордот на Роџер Федерер.

Карлос Алкараз во кариерата има освоено 11 трофеи. Досега го освои единствениот Грен слем во Њујорк, на УС Опен.

Ѓоковиќ и Алкараз одиграа два дуели и резултатот беше нерешен. Тие го одиграа последниот меч во полуфиналето на овогодинешниот Ролан Гарос, во кој српскиот тенисер излезе како победник.

Треба да знаете
Последни објави