Куртоа: Голман невозможно е да ја освои „Златната топка“

На Тибо Куртоа, голманот на шпанскиот и европски фудбалски првак Реал Мадрид не му беше сеедно што се најде на седмо место во изборот за „Златната топка“, која му припадна на неговиот соиграч Карим Бензема на вчерашното доделување во Париз.

Белгискиот чувар на мрежата Куртоа ја освои наградата за најдобар голман, но не пропушти да приговори на изборот, напоменувајќи дека голман нема шанси да ја освои оваа награда.

-Ако сте голман, невозможно е да ја освоите „Златната топка“. Реал Мадрид го освои првенството и Лигата на шампионите поради моите одбрани. И потоа завршувам седми во изборот за оваа награда. Но, барем постои награда за најдобар голман и горд сум на ова признание, рече Куртоа.

Белгискиот голман имаше одлична сезона лани. Во финалето во ЛШ против Ливерпул во Париз го одигра мечот на кариерата, и му го донесе трофејот на Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави