Сопругата на Крис Нот е многу вознемирена по наводите за сексуален напад

Крис Нот може да го помине Божиќ одвоено од својата сопруга Тара Вилсон, која, наводно, е многу вознемирена од неодамнешните обвинувања за сексуален напад против нејзиниот сопруг. Актерката и деловна жена има две деца со ѕвездата на „Сексот и градот“, познат како мистер Биг.

Американски „Сан“(US Sun) потсетува дека Нот веднаш ги негираше обвинувањата.

Весникот цитира извор близок до парот, според кој 39-годишната Тара не е добро откако три жени го обвинија нејзиниот сопруг за сексуална злоупотреба. Една од трите жени кои ги изнесоа ваквите наводи, откри дека Крис ѝ рекол дека моногамијата е измама, дури и во бракот.

Но, пријател на парот застана во негова одбрана.

„Можеби не е моногамен, дознавме дека неговата сопруга не знаела. Таа е во Лос Анџелес и е многу вознемирена. Не ѝ е добро. Планираа да го поминат Божиќ заедно, но сега не се знае“, изјави пријател на Крис и Тара.

„Секоја приказна има две страни и луѓето треба да го знаат тоа пред да судат. Крис што го познавам не е Крис што го опишуваат овие жени. Сите негови пријатели се со него. Можеби сака да флертува, но не е лигавец. Не е Вајнстин. Му верувам и знам дека не е таков како што е прикажан во наводите“, додава пријателот.

Истиот извор откри дека Нот (67) не ни помислил дека вакви обвинувања може да бидат јавно изнесени.

„Тој е целосно збунет и згрозен од овие обвинувања. Многу е збунет зошто се појавуваат токму сега, кога почна новата сезона на „Сексот и градот“.

Тара и Крис се запознале во 2001 година кога таа работела на шанк во клубот The Cutting Room. Тие се во брак од 2012 година и заедно имаат два сина, 13-годишниот Орион и 18-месечниот Китс

Треба да знаете
Последни објави