Бунтовниците масакрираа бегалци во источниот дел на ДР Конго

Повеќе од 40 цивили беа убиени во напад на одметнати членови на милицијата врз камп за раселени лица во провинцијата Итури, на истокот на Демократска Република Конго.

-Потврдено е дека нападот врз бегалскиот камп Лала го извршила милицијата CODECO, една од многуте активни во зоната на конфликтот во источно Конго, пренесуваат британските медиуми.

Жан-Ричард Ленга, началникот на областа Бахема Баџере, рекол дека припадниците на милицијата масакрирале 46 луѓе со мачети и огнено оружје, а останатите ги запалиле во нивните куќи среде кампот.

-Сега целото село е во жалост, ова е премногу тажно, рече тој, додавајќи дека властите се уште трагаат по телата.

Треба да знаете
Последни објави