Skip to main content
Македонија

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

12/12/2024  08:21

Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“ и Здружението на граѓани „Форум за образовни промени”  денеска на онлајн-платформата Зум ќе организиаат панел-дискусијата „To be or not to be… студент во Македонија?“.

-Панел дискусијата ќе се осврне на прашањата за тоа како да им се олесни животот на студентите, како да се подобри студентскиот стандард и кои се можните решенија, особено за проблемот со превозот. На настанот ќе говорат студентките Марија Јовановска и Милена Глигорова, Шевал Зиза – претставник од Националното студентско тело и Викторија Постоловска од Форумот за образовни промени, соопштија организаторите. 

Тие посочуваат дека панелот е отворен за сите студенти, новинари, заинтересирани граѓани, здруженија, невладини организации и други субјекти.