Осумдесетгодишник допирал малолетничка во градски автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР.

Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Т.(79) од Скопје.

Тој претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави