Skip to main content
Скопје

Град Скопје возвратија со реакција на денешната изјава на Трајко Славески

11/12/2024  19:54

Господине Трајко,

Сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера. (документ во прилог)

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени.

Oдделение за односи со јавност

Град Скопје