Skip to main content
Македонија

Мрежата за заштита од дискриминација го прозва Милошоски

29/11/2026  10:37

Европската интеграција не е само декларативна заложба. Таа подразбира унапредување на родовата еднаквост, заштита на човековите права и ефикасно справување со родово базираното насилство, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

„Продолжуваме со нашиот „Ѕид на срамот”, упатувајќи јавни прашања до Антонио Милошоски, претседател на собраниската Комисија за европски прашања.

Во извештајот за 2026 година, Европската комисија ги посочува антиродовите наративи како една од причините за системските пропусти во справувањето со родово базираното насилство.

Како се усогласуваат заложбите за европска интеграција со давањето политичка тежина на актерите чии наративи Европската комисија ги препознава како проблем?

Каков е вашиот став во однос на предложените законски измени за заштита на жените од насилство и што ќе преземете за нивното усвојување?