
Три возила се судрија вечерва на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката Радишани, во правец кон Тетово. Во несреќата има повредени лица кои се хоспитализирани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот. Во судирот учествувале „опел“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистарски ознаки.
По несреќата на обиколницата се создадоа колони долги неколку километри во насока кон Тетово. Во првичната информација од МВР нема податоци за бројот на повредените, тежината на нивните повреди и причината за судирот.


