
Сообраќајот на патот Охрид – Скопје кај Ботун е во целосен прекин. Според првичните информации, на коловозот има паднато дрво, а на истиот дел од патот излетало патничко возило.
Има повредени лица, но засега нема информации за нивниот број и за тежината на повредите. Причината за излетувањето на возилото и времето кога сообраќајот ќе биде нормализиран засега се непознати.


