Skip to main content
Македонија

Денеска облачно со дожд, на запад се очекуваат пообилни врнежи

26/11/2026  08:18

Облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, четврток, 26 ноември. Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што локално се очекуваат над 30 литри на квадратен метар.

Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од минус еден до четири степени, додека дневните ќе достигнат до 12 степени.

И во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од нула степени наутро до осум степени во текот на денот.

Врнежливото време ќе продолжи и во наредните денови. Под влијание на циклонска активност, до недела на одредени места се очекуваат пообилни врнежи, со вкупна количина што во текот на целиот период може да надмине 80 литри на квадратен метар.

За викендот се најавува и заладување поради спуштање ладна воздушна маса од север. На некои повисоки места дождот ќе преминува во снег, додека на планините се очекуваат снежни врнежи и формирање нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.