Skip to main content
Магазин

Кина почна со тестирање на 6Г-технологијата во осум региони

25/11/2026  21:08

Кина започна координирани пилот-програми за тестирање на 6Г-технологијата во осум региони, со цел да го забрза нејзиниот развој, индустриската примена и комерцијализацијата, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Програмата, која кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ја претстави на конференција во Шангај, предвидува развој и усовршување на уреди од новата генерација, чипови, компоненти, мерни инструменти и сателитски интернет.

Целта е да се забрзаат иновациите во примената на 6Г-технологијата во комуникациите, индустриското производство, комерцијалниот сообраќај со дронови и поморската економија.

Кинеското министерство уште во јуни претстави национален план за координиран развој на 6Г-технологијата, а новата програма треба да ја подобри соработката меѓу централните и регионалните власти.

Кина настојува да го забрза преминот на технолошките иновации од лабораториите во практична примена.