Skip to main content
Македонија

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

25/11/2026  09:21

Соопштение за јавност на СДСМ:

За влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ,  мора да има и кривична и политичка одговорност.

СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. 

Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. 

Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески.

Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски.

Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? 

СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност.

Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка.