Skip to main content
Балкан

Пукање во училиште во Србија, има повредени

24/11/2026  10:11

Утринава дојде до пукање во техничко училиште во Крагуевац, Србија. Според првичните информации, ранети се двајца вработени во службата за хигиена.

Напаѓачот е 17-годишен ученик во училиштето и е уапсен од полицијата, јавува Нова.рс.

Зградата на училиштето и околниот простор се блокирани, а на лице место се распоредени полициски сили и припадници на Жандармеријата.

Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште нема издадено официјално соопштение во врска со инцидентот.