Skip to main content
Македонија

Превентивни активности на СВР Тетово за незаконита сеча на дрва

22/11/2026  19:52

На 22.11.2026, на подрачјето на СВР Тетово беше реализирана превентивна кампања под мотото „Незаконско сечење на дрва е криминал“, насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на бесправно сечење и пожари.

Aктивностите се спроведоа на подрачјето на Општина Теарце. На подрачје пак на општина Врапчиште, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од ПО Галате, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци.