Skip to main content
Свет

Арагчи: Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран

22/11/2026  15:06

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран, нагласувајќи дека Иран истовремено е подготвен за преговори и за одбрана на земјата.

„Нашиот став е јасен – додека не се исполнат барањата на Иран, прашањето за Ормуската теснина и нејзиното повторно отворање не се на дневен ред“, рече Аракчи за иранска новинска агенција.

Тој наведе дека посетите на катарски делегации на Техеран не се невообичаени, бидејќи посредниците меѓу Иран и САД редовно патуваат меѓу земјите и пренесуваат предлози и иницијативи.