Skip to main content
Хроника

Возел пијан, удрил во паркирано возило и побегнал, па удрил во бетонски ѕид и повторно побегнал

22/11/2026  14:56

На 21.11.2026 во 22:55 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(65) од Виница. 

Тој управувајќи патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, во село Јакимово, виничко, учествувал во сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, сопственост на С.Д. од Виница и напуштил лице место, а потоа управувајќи го возилото удрил во поставена патна сигнализација и бетонски ѕид, по што повторно напуштил лице место.

Полициските службеници по преземени мерки за пронаоѓање на сторителот, констатирале дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,12 промили алкохол во организмот.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.