Skip to main content
Македонија

Со Итна помош пренесен на клиника припадник на „Тигар“ по повреда во касарната „Илинден“

21/11/2026  23:48

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ се повредил додека управувал мотоцикл во касарната „Илинден“ во Скопје. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврди Министерството за внатрешни работи. 

Настанот бил пријавен на 19 ноември во 14:45 часот. На местото бил извршен увид, а за случајот бил известен јавен обвинител. 

Од МВР засега не соопштиле со какви повреди се здобил полицаецот, ниту под кои околности се случил инцидентот.