
Полициски службеници од секторот за борба против наркотици, на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, спречиле внесување во Грција на над 35 килограми суров канабис, а уапсен е 28-годишен странски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсениот бил откриен веднаш по неговото пристигнување, а по претходни проверки и анализа на податоци и информации.
Во неговиот багаж биле пронајдени вкупно 23 пакувања со суров канабис со вкупна бруто-тежина од 35 килограми и 300 грама.

