Skip to main content
Свет

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми

19/11/2026  20:32

Извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела предупреди дека вештачката интелигенција може да предизвика повеќе технолошки прекини на  работа, бидејќи компаниите брзаат да се справат со заканите за кибербезбедноста. Зборувајќи на самит организиран од „Њујорк тајмс“, тој рече дека алатките за ВИ брзо ги детектираат софтверските ранливости и го зголемуваат притисокот врз компаниите да ги поправат безбедносните недостатоци.

Тој предупреди дека имплементацијата на безбедносни решенија, што не се темелно тестирани, може да воведе нови грешки и да ги дестабилизира технолошките системи. Надела рече дека прекинот на е-поштата на Мајкрософт на 13 ноември, што влијаеше на милиони корисници ширум светот, е резултат на пропуст што не бил забележан навреме.

Тој рече дека Мајкрософт сака да понуди пакети за отпремнина на приближно 60.000 вработени, а компанијата преминува во бизнис базиран на вештачка интелигенција.