
На 18.11.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.С.(32) од Скопје.
Според информациите од МВР, 23-годишна жена пријавила дека приведениот ја вознемирувал, односно ѝ се јавувал телефонски, ѝ пишувал пораки и ја следел пред нејзиниот дом, а исто така и тропал на влезната врата од домот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

