Skip to main content
Свет

Трамп, Путин и Шји објавија заедничка декларација кон мирот: Нуклеарна војна не смее да има

19/11/2026  15:45

Американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шjи Џинпинг објавија заедничка изјава по трилатералната средба во Шенжен. Тие се договорија за соработка во реформата на Обединетите нации, зголемување на снабдувањето со нафтени деривати и намалување на нуклеарните ризици.

Што договорија?

1. Реформа на ОН

Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина се обврзаа да се залагаат за реформа на организацијата, со цел таа поефикасно да одговара на глобалните предизвици и да ја исполнува својата основна задача за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

2. Нафта и енергенти

Трите држави планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени деривати во корист на сите земји. Тие ја потврдија и важноста на стабилното снабдување со енергенти. Договорот доаѓа и покрај меѓународните санкции за продажба на руска нафта.

3. Меѓународен кривичен суд

Тројцата претседатели истакнаа дека принципот на согласност на државите и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од исклучителна важност. Тие порачаа дека Меѓународниот кривичен суд и сличните тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

4. Нуклеарно оружје

Тие повторно потврдија дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води. Трите земји ќе водат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.