Ембид е МВП, Јокиќ не успеа по третпат во низа да биде најкорисен кошаркар во НБА

Кошаркарот на Филаделфија Сиксерс, Џоел Ембиид е прогласен за најкорисен играч (МВП) на НБА лигата за регуларниот дел од сезоната, објави најсилната кошаркарска лига во светот.

Камерунецот, кој има и француски пасош, го победи Никола Јокиќ во трката за МВП и го спречи центарот на Денвер трета година по ред да биде најдобар.

Ембиид (29) е вториот играч од Африка кој ја освоил престижната награда, приклучувајќи му се на Нигериецот Хаким Олаџувон (1993-94).

Ембид имаше одлична сезона, тој беше водечки стрелец во лигата со 33,1 поен по натпревар, заедно со 10,2 скока, 4,2 асистенции и 1,7 блокади. Тој додаде и 66 тројки и 66 украдени топки.

Гркот Јанис Антетокунмпо од Милвоки исто така беше во потесниот избор за наградата, најдобра во 2019 и 2020 година.

Центарот на Сиксерс од Камерун доби 73 од 100 гласови за прво место од панелот на радиодифузери и новинари за вкупно 915 поени. Јокиќ заврши на второто место со 15 првопласирани гласови и 674 поени, а Антетокунмпо ги доби другите 12 првопласирани гласови.

Треба да знаете
Последни објави