Skip to main content
Хроника

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

17/11/2026  18:03

Струмичанец пронашол коски што, според неговата пријава, наликувале на човечки додека копал во дворот на својата куќа на улицата „Солунска“ во Струмица.

Тој го пријавил случајот во СВР Струмица вчера во 17:40 часот. На местото излегла полициска екипа и извршила увид, соопштија од МВР.

Пронајдените коски биле подигнати и предадени на вештачење, со кое треба да се утврди дали се од човечко потекло.