Претседателот Пендаровски се сретна со министерката за одбрана на Австрија, Танер

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими сојузната министерка за одбрана на Република Австрија, Клаудиа Танер која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави во областа на одбраната. Претседателот Пендаровски и министерката Танер разменија мислења и информации за реализацијата на планот за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји за оваа година, кој содржи повеќе активности во областа на одбранбената политика, воената логистика, кризниот менаџмент, како и учеството на различни обуки и курсеви за стручно усовршување на воен персонал во повеќе области.

Претседателот Пендаровски оцени дека Република Австрија е меѓу најгласните поддржувачи за нашите европски интеграции и во таа насока се заблагодари за севкупната австриска поддршка, вклучувајќи го процесот на реформи и развој во областа на одбраната и безбедноста, и изрази очекување за натамошно унапредување на билатералната соработка.

Треба да знаете
Последни објави