Нервозни возачи низ Скопје: Три тепачки и скршена шофершајбна на „мерцедес“-возачот бегајќи се судрил со две возила

На 13.04.2023 околу 21.00 часот пред трговски центар на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „форд”, со тврд предмет го скршило стаклото од патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано И.П.(39) од Скопје, кој бегајќи со возилото, учествувал во сообраќајна незгода со уште две возила.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.04.2023 во 18.30 часот во Полициско одделение Сарај, К.И.(64) од Скопје пријавил дека во 17.00 часот во близина на угостителски објект во с. Сарај, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Ј.А.(32) од с. Сарај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.04.2023 во 22.04 часот во Полициска станица Аеродром, Д.А.(45) од Скопје пријавил дека во 21.58 часот, во близина на Меѓуградската автобуска станица Скопје, на подрачјето на Аеродром, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нападнат со тврд предмет од С.И.(41) од с. Страхојадица, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави