Skip to main content
Македонија

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи

09/11/2026  23:09

Пожарот што избувна попладнево зад Бит-пазар во Скопје е целосно ставен под контрола. Огнот го зафатил покривот на една двокатна куќа и делови од уште две соседни куќи. Во интервенцијата учествувале 22 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на скопската противпожарна единица, Звонко Томески, изјави за МИА дека огнот се проширил на соседните куќи поради близината на објектите. По ставањето на пожарот под контрола, екипите почнале со расчистување на теренот.

Томески додаде дека висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.