Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

07/11/2026  12:56

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата.

Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија.

Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата.

Зошто Филипче и СДС се толку гласни за Алта банка? Чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДС да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард?

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата.