Skip to main content
Хроника

Со товарно возило удрил во полициско возило, па нападнал полицајци во Липково

04/11/2026  12:40

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. 

На 29.09.2026 во с. Отља, Општина Липково, пријавениот на даден знак за запирање, не застанал  и со товарно возило удрил во службено возило на МВР, а потоа физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.