
Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028. Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург.
Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло.
– Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено мислам дека напредуваме од првенство на првенство, се создаде една нова генерација, позрели сме, поискусни и нормално дека посакуваме сега да обезбедиме уште едно учество на европско првенство, изјави Кузмановски.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.
Во вториот натпревар од овој квалификациски прозорец, македонските ракометари в недела ќе и гостуваат на Грција.



