Skip to main content
Балкан

Пресврт на летот Белград – Москва: Авионот се враќа во Белград, меѓу патниците наводно се Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ

03/11/2026  21:57

Авионот што вечерва требало да слета во Москва го сменил курсот и се враќа во Белград, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според порталот, се претпоставува дека меѓу патниците се Александар Вулин, Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ.

Црногорскиот портал ЕТВ претходно објави дека Вулин и Поповиќ резервирале билети за летот JU134, чие полетување од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ било планирано за 18:25 часот. Бајатовиќ се споменува во објавата на „Нова.рс“.

Засега нема официјална потврда дека тројцата биле во авионот. Причината за враќањето во Белград останува непотврдена.