Skip to main content
Хроника

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

03/11/2026  21:46

Дваесет и едногодишен кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат на автопатот Скопје – Велес, кај клучката Хиподром, откако автомобил „ауди“ му го попречил патот.

Д.Б. (21), син на поранешен началник на РЦ „Југ“, го пријавил случајот во СВР Скопје на 2 ноември околу 21:50 часот.

Според неговата пријава, од „аудито“ излегле две лица. Едното го удрило двапати и му се заканило со зборовите „Ќе те ставиме во багажникот!“

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.