Во судир на автобус и автомобил во Битола тешко повредено едно лице

Тешко повредено едно лице во судир на автобус и автомобил на крстосница во Битола.

Според информациите, несреќата се случила вчера околу 14.21 часот на крстосницата од улицата 4 Ноември, улицата Димитар Илиевски-Мурато и улицата Влатко Миленковски во Битола, кога возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Б. И. (57) од Битола, се судрило со автобус „неоплан“, со битолски регистарски ознаки, управуван од З. З. (54) од Битола.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на патничкото возило Б. И., констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави