Skip to main content
Свет

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран

02/11/2026  11:39

Американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да одобри нуклеарен напад врз Иран во наредните денови, наведувајќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху врши силен притисок врз Вашингтон да преземе таков чекор.

Во објава на социјалната мрежа X, Карлсон изјави дека одлуката би можела да се донесе до 7 ноември, а како можна цел ја идентификуваше планината Пиккекс во централен Иран. Според неговите тврдења, ова е област каде што се наоѓаат подземни објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран. Карлсон тврди дека објектите се наоѓаат во тунели под приближно 90 метри цврст гранит, поради што конвенционалното американско оружје, како што наведува, не би можело да ги уништи. Карлсон во објаватата оцени дека нуклеарен напад би можел да биде единствената воена опција за уништување на споменатите објекти и тврдеше дека Нетанјаху се обидува да го убеди Трамп да одобри таква операција.

Тој се осврна и на неименуван соговорник кој, како што тврди, рекол дека израелскиот премиер секојдневно контактира со американскиот претседател во врска со можен напад.

Карлсон не презентираше јавно проверливи докази за своите тврдења, ниту пак е потврдено дека американската администрација всушност разгледува употреба на нуклеарно оружје против Иран. Карлсон заклучи дека светската јавност треба да биде свесна за ризиците од можна употреба на нуклеарно оружје.