Вчера во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, кај надвозникот за с.Пирок, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(24) од Тетово, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид бил извршен, соопшти МВР.