Во Тунис рестрикции на водата поради сушата

Властите во Тунис ја исклучуваат водата во главниот град и другите градови во обид да се намали потрошувачката во услови на голема суша.

Локалните жители соопштија дека водата е запрена во текот на ноќта без предупредување во градовите Тунис, Хамамет, Сус, Монастир и Сфакс.

Сушата е голем проблем во Тунис и Владата претходно предупреди дека може да ја исклучува водата во ноќе во текот на летото за да ја намали потрошувачката поради недостиг на резерви на вода во северноафриканската држава. 

Треба да знаете
Последни објави