Skip to main content
Хроника

Египетски државјанин крадел во хостел во Охрид

28/10/2026  10:42

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Х.С.Ј.(36) од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал.

По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.