Skip to main content
Македонија

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

28/10/2026  10:24

По сузбивање на меѓународна група на организиран криминал со увози на цигари, Царина со засилени контроли и на зелените пазари – со сеопфатен пристап до жестока борба со нелегалната трговија со тутун

Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257 илјади денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.

Со сеопфатен пристап, преку засилени истраги за увози на тутун и тутунски производи и контроли на внатрешниот пазар, јасно ги покажуваме заложбите за сузбивање на нелегалната трговија со тутун и тутунски производи.