
ДОМ упатува јавно прашање до министерот за животна средина и просторно планирање: Дали намалувањето и пренамената на буџетските средства на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во износ од една милијарда денари, ќе имаат негативни последици врз реализацијата на започнатите еколошки проекти?
ДОМ изразува загриженост дека буџетските промени и намалувањето на средствата наменети за одредени активности може да доведат до запирање или одложување на две исклучително важни еколошки активности:
Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за заштита на животната средина во државата.
Продолжувањето на расчистувањето на малата депонија со изомери на ХЦХ во поранешната фабрика ОХИС, проект од особено значење за отстранување на опасниот хемиски отпад и за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина.
ДОМ бара јасен и недвосмислен одговор од надлежниот министер:
Како ќе се одразат буџетските кратења и пренамени врз финансирањето и динамиката на реализација на овие два проекта?
Дали постои ризик од запирање или одложување на започнатите активности?
Кои конкретни мерки ќе ги преземе Министерството за да обезбеди континуитет во реализацијата на проектите?

Заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да бидат колатерална штета на буџетските кратења. ДОМ бара транспарентност, одговорност и јасни гаранции дека започнатите еколошки проекти ќе продолжат да се реализираат, во интерес на граѓаните и на идните генерации

