Skip to main content
Свет

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД

27/10/2026  21:03

Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД и ќе доведе до апсење. Објавата доаѓа само една недела пред среднорочните избори во САД.

Администрацијата на Трамп презеде агресивен пристап кон контрола на спроведувањето на изборите вршејќи притисок врз државите да достават податоци за регистрираните гласачи и воведувајќи построги мерки за да се обезбеди транспарентност на гласањето.

Критичарите на тие мерки, вклучувајќи експерти и изборни службеници од двете партии, ги сметаат за прекумерна интервенција на федералната влада во локалниот изборен процес, јавија американските медиуми.