
Променливо облачно и посвежо време нè очекува денеска, вторник, 27 октомври. Според прогнозата на УХМР, ќе има услови за дожд во северните делови на Македонија, а на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во повремен снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одделни места повремено ќе биде силен, со брзина над 60 километри на час. Ветерот ќе го засили чувството на студ.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со можност за дожд и умерен ветер од северен правец.

Според прогнозата на „ВремеРадар“, температурата во главниот град ќе се движи од околу 5 степени наутро до 12 степени во текот на денот. Во вечерните часови се очекува облачно време и температура околу осум степени.

