
Силен ветер од северозападен правец се очекува денеска и утре, 26 и 27 октомври, поради што е издаден метеоаларм. Според најавите, ветерот на одредени места ќе достигнува, а локално и ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Поради најавените временски услови, граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено при движење на отворено и на локации изложени на силни налети на ветер.
Посебна претпазливост се препорачува во близина на дрвја, градилишта, рекламни паноа и други конструкции, како и на места каде што има предмети што би можеле да бидат поместени или соборени од силниот ветер.
Внимателни треба да бидат и возачите, особено при движење по отворени патни правци, мостови и делници изложени на странични налети на ветер.
Граѓаните се советуваат да ги обезбедат предметите на балконите и терасите и да избегнуваат непотребно задржување под дрвја и нестабилни конструкции.
Се препорачува следење на официјалните метеоролошки информации и предупредувања во текот на денот.

