Skip to main content
Хроника

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

25/10/2026  12:12

На 25.10.2026 во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници го лишија од слобода Н.П.(60) од Скопје.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мг” со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.