Search

Гласаа болните стари и изнемоштени лица во општините од југоисточниот регион

Општинските изборни комисии од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран потврдија дека без проблеми завршило гласањето на пријавените болни, стари и изнемоштени лица во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

Во ОИК Гевгелија правото на глас го искористиле 102 лица, во општина Валандово 38 лица се изјасниле за избор на претседател,во Богданци од пријавени 35 правото на глас било искористено од 31 лице и во општина Дојран глаале сите 17 пријавени лица.

Изјаснувањето од првиот круг на претседателските избори се уште трае во меѓуопштинскиот затвор во Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави