
Приврзаниците на албанската Демократска партија денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а во текот на собирот пред тоа министерство, каде е најавен и протест на студентите, демонстрантите запалија контејнери.

Полицијата интервенираше со воден топ за да ги растера насобраните демонстранти.

Претходно, поддржувачи на Демократската партија запалија столици пред зградата на Владата на Албанија. Столиците ги поставил албанскиот премиер Еди Рама како покана за дијалог со студентите.

