Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово се појави на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, информираше А1 Он. Тој не влезе низ официјалниот влез на обвинителството туку низ еден од споредните влезови во зградата.
Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. За него во февруари обвинителството побара, но судот не определи притвор бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.