Skip to main content
Хроника

Уапсен прилепчанец: При претрес пронајдени марихуана, вага и пари

23/10/2026  21:41

Четириесет и едногодишен прилепчанец е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом, автомобил и мопед биле пронајдени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

Според МВР, И.Б. (41) од Прилеп бил лишен од слобода на 22 октомври во акција на полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од СВР Битола – ОВР Прилеп.

Претресот бил извршен по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп. Пронајдените материи и предмети биле одземени.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.