Skip to main content
Хроника

Претреси и апсења во Скопје: Расчистена кражба на пари, злато и часовници

23/10/2026  21:34

Полицијата расчисти тешка кражба во куќа во скопското село Љубин, од каде биле одземени 25.000 евра, различен златен накит и рачни часовници. Вкупната вредност на украденото, според МВР, изнесува 3.399.000 денари.

Во рамки на истрагата, со судска наредба биле извршени претреси во домовите и други простории кај А.А. и М.А., двајцата од Скопје, по што биле лишени од слобода. Случајот го расчистило Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров на 22 октомври.

За учество во кражбата е осомничен и Ј.Т. од Скопје. Тој не бил пронајден на пријавената адреса, поради што за него е распишан локален распис и полицијата трага по него.

Во одделен случај, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Карпош поднело кривична пријава против А.И. (20) и Е.И. (20), како и во врска со М.С. (19), сите од Скопје, поради сомнение за разбојништво.

Според полициското соопштение, тројцата се сомничат дека на 4 август годинава извршиле разбојништво над Д.Т. од Скопје. Тие биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје