Search

Силјановска-Давкова: Еден дневно лекар има намера да си замине, апелирам до Владата она што го вети веднаш да го реализира

Драматична е состојбата, не знам колку сте во тек, меѓутоа за последните три месеци како што објави Левица 83 лекари побарале дозвола да ја напуштат Македонија. Тоа значи дека еден дневно лекар има намера да си замине, еве јас јавно апелирам до Владата она што го вети 100.000 денари веднаш уште утре да го реализира, зошто ако продолжи со ова темпо заминувањето на лекарите, ние ќе треба сами да се лекуваме, а тоа е катастрофално.

И затоа би сакала да ги чујам нив што мислат, кои се излезните решенија, дали некој ги прашува, дали имаат самите некој идеја како би можело да се надмине ова ситуација. Но, сепак мислам дека кога на избори ќе предочите едно ветување мора да се држите до него, ако е тоа најургентно ќе почнете прво со него, а не прво со советниците на владата, туку прво со лекарите зошто нашето здравје е загрозено секако. Беше загрозено од неподносливите височини на загаденост, стрес, ако на тоа додадеме социјална положба, ако на тоа додадеме економски проблеми значи за мене е тоа број еден проблем што треба веднаш да се реши.

Треба да знаете
Последни објави