Чешкиот премиер ѝ порача на министерката дека ќе ја смени

Чешката министерка за индустрија и трговија Марта Новакова денеска изјави дека премиерот Андреј Бабиш ѝ рекол дека ќе биде сменета.

„Ројтерс“ тврди дека Новакова ја следела проруската и прокинеската политика на чешкиот претседател Милош Земан.

Радио Прага соопшти дека точниот датум на заминувањето на Новакова ќе биде објавен по денешната средба меѓу Земан и Бабиш.

Новакова беше критикувана за инцидентот поради кој претставник на Тајван мораше да го напушти дипломатскиот состанок на барање на амбасадорот на Кина во Чешката Република.

Засега не е познато кој ќе ја замени.

Чешкиот министер за транспорт, Дан Ток, пред два дена објави дека ќе поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави